Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Експлозија и силен пожар на нафтена платформа во Мексико зедоа повеќе жртви

(ВИДЕО-ФОТО) Експлозија и силен пожар на нафтена платформа во Мексико зедоа повеќе жртви

Експлозија на нафтена платформа на мексиканската државна компанија „Пемекс“ во Мексиканскиот залив предизвика силен оган на неа и го одзеде животот на најмалку четворица работници, соопштија светските агенции.

pozar meksiko 2

Според последните податоци уште 16 лица се повредени, а 300 биле евакуирани, соопштија американските медиуми, повикувајќи се на раководството на компанијата.

Првичните податоци беа за 45 повредени.

Пожарот се случил на платформата „Абкатун Алфа“, лоцирана по должината на бреговите на американската сојузна држава Кампече, во југоисточнo Мексико.

Во гаснењето на огнот учествувале екипи на осум бродови за гасење пожари.

pozar meksiko 1

Повредените биле пренесени со хеликоптер во болница на градот Сиудад дел Кармен.

Засега од компанијата која ја поседува платформата не е објавена никаква информација за можните причини за пожарот.

pozar meksiko 3

Платформата Абкатун е изградена во 2013 година и произведувала најмалку по 300.000 барели нафта на ден.

Слично

Поврзани вести