Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Едно лице загина, а 15 се повредени како резултат на торнадо во Оклахома и Арканзас

(ВИДЕО-ФОТО) Едно лице загина, а 15 се повредени како резултат на торнадо во Оклахома и Арканзас

Најмалку едно лице загина, а неколку беа повредени откако торнадо помина низ делови на Оклахома и Арканзас во средата вечерта, пренесе „Ројтерс“.

tornado sad 6

Локалните власти велат дека едно лице загинало во предградието Сандс Спрингс, Оклахома, откако бурата го разурнала паркингот за приколки. 

tornado sad 5

Невремето, со кое годинава била „отворена“ сезоната на торнада, речиси уништила камп за приколки, корнела покриви од куќи, а десетици илјади жители на Оклахома денес се без струја.

tornado sad 4

Сезоната на торнада и урагани во САД обично почнува во март, но не е невообичаено торнадо да се појави и во текот на зимата. Центарот за предвидување бури предупредил дека деновиве може да дојде до судир на топли и ладни воздушни маси кои можат да предизвикаат сериозни невремиња.

tornado sad 3

Над 20 лица загинаа, а повеќе од 300 беа повредени кога торнадо го погоди градот Мур во 2013 година.

tornado sad 2

tornado sad 1
Слично

Поврзани вести