(Видео+Фото) ДУВЛОТО НА ЕЛ ЧАПО: Eве каде се криел мексичкиот нарко-бос
Изрешетени ѕидови, крвави дамки на подот и хаос во собите, во ваква состојба беше пронајдено засолништето на нарко-босот Хоакин познат како „Ел Чапо”, кој пред три дена беше уапсен во полициска ација.
По шестмесечното трагање, Ел Чапо повторно падна во рацете на полицијата, а во акцијата беа застрелани пет лица.
Ел Чапо се обидел да избега во градската канализациска мрежа пред да биде фатен.
Ројтерс објави и фотографии од засолништето, во кое беше фатен нарко-босот.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/Gj99_na_ZZk[/embed]Претходно, странските медиуми објавија снимка на која се гледа како безбедносните сили го приведуваат Хоакин Гузман. На снимката се гледа нарко-босот, познат уште како „Ел Чапо”, како го пренесуваат до полицискиот хеликоптер, а тој со бела крпа си го крие лицето.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/VhIf38AfqAo[/embed]


