(ВИДЕО-ФОТО) ДРАМА ВО МОРЕТО: Се запалил брод со 60 патници, бегајќи од пожарот скокале во вода
Сите 60 патници и членови на екипажот на туристичкиот брод кој се запалил на крајбрежјето на Нов Зеланд се спасени, бидејќи луѓето бегајќи од пожарот скокнале во морето, соопшти денеска локалната полиција.
Бродот полн со туристи се враќал од островот Вакари, каде е активниот вулкан во заливот Пленти, кога избувнал пожарот, пренесуваат агенциите.
Сведоците виделе дека пожарот избил од кај моторот, со што брзо се проширил низ целиот брод, додека тој се наоѓал на околу километар од крајбрежјето.
„Пожарот се прошири низ целиот брод, па патниците мораа да скокаат во вода“, се наведува во полицискиот извештај.
„Во акцијата за спасување на луѓето од водата учествувал еден спасувачки чамец, како и одреден број мали локални чамци. Потоа хеликоптер извршил пребарување од воздух, за да потврди дека сите луѓе се спасени. Извршена е и проверка на списокот на луѓе кои патувале и кои се спасени“, се наведува од полицијата.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/tTkRpIG7Avg[/embed]Еден човек е префрлен во болница поради вдишување на дим, а друг се здобил со помали повреди кога скокнал од бродот во водата.
