Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) ДОДЕКА ВО САД СЕ СМРЗНУВААТ, ВО АВСТРАЛИЈА Е ПЕКОЛ: Се топат патишта, пожари беснеат наоколу

(ВИДЕО-ФОТО) ДОДЕКА ВО САД СЕ СМРЗНУВААТ, ВО АВСТРАЛИЈА Е ПЕКОЛ: Се топат патишта, пожари беснеат наоколу

Додека во САД се бележат рекордно ниско температури, кои одат и до -40 степени Целзиусови, Австралија ја погодија шумски пожари кои уништиле згради и го загрозиле тамошното население.

Во предградието на Мелбурн избил голем пожар, кој проголтал неколку згради.


Комесарот за итни служби на Австалија, Крег Лепсил рекол дека пожарите се предизвикани од високи температури и суво време, проследено со силни ветрови.


„Тоа е точно тоа што прогнозата го предвидела“, рекол комесарот.

На граѓаните им е порачано да побараат засолниште а експертите сметаат дека тоа е побезбедно отколку жителите да се обидуваат да избегаат и ризикуваат пожарот да ги зароби.


Околу 400 куќи останале без струја, а ширум сојузната држава Викторија денес се пријавени повеќе од 50 пожари, од кои повеќето биле мали.


Слично

Поврзани вести