(ВИДЕО-ФОТО) Дете џелат со десет куршуми во чело убил агент
Групата „Исламска држава“ шири уште едно одвратно видео на кое се гледа како дете убива наводен израелски шпион, соопштува организацијата „SITE“.
Нов шокантен видео клип кој го објави Исламска држава, за кој таа тврди дека прикажува погубување на Палестинецот од источен Ерусалим, Мухамед Мусалам (19), поради шпионирање за Израел во Сирија ја згрози јавноста.
Целата работа е замрсена бидејќи токму семејството на Мусалам во февруари потврдило за весникот „Хаарец“ дека нивниот син патувал во Сирија да се бори за Исламската држава.
Подоцна организацијата на џихадистите објави напис за Мусалам во своето списание „Дибик“ под наслов „Интервју со шпионот кој работи за Мосад“, а не дека се бори за Исламската држава.
Мусалам живеел со семејството во источен Ерусалим и по завршувањето на средното училиште работел како доброволец во израелската пожарна служба, пишува „Daily Mail“.
Сепак најодвратната работа е тоа што пиштолот го шкрапна дете и го уби Мусалам и тоа пред камерата. Ова дете најверојатно нема повеќе од 10 години. Сепак, бидејќи видеото е едитирано странските агенции не можат со сигурност да потврдат дека детето навистина пукна и го уби Мусалам.




