(ВИДЕО-ФОТО) ДЕН НА ПОБЕДАТА ВО МОСКВА: Спектакуларна воена парада на Црвениот плоштад
Русија го одбележува денот кога во 1945 година капитулираше Германија, со што во Европа е завршена Втората светска војна, со традиционална воена парада на Црвениот плоштад во Москва и други градови и обраќање на претседателот на државата Владимир Путин.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/OEtWYnDinvQ[/embed]Парадата почна во 11 часот по московско време, кога министерот за одбрана Сергеј Шојгу објави смотра на силите. Завршена е точно час подоцна.
Во парадата учествуваа 10 000 војници, 135 единици на воената техника и 71 летало.
После парадата на оклопните единици и ПВО, почна парадата на военото воздухопловство.
Руската авијација зазема посебен дел од парадата, па посетителите уживаа во настапите на акробатските групи Руски витези и Стрижи, кои се сметаат за најдобри на светот.
Својата надмоќ ја покажаа и тркачките авиони Су-25, како и „миговите“.
После дефилето на единиците на сите родови на Војската на ЕФ, почна дефилето на оклопните возила-најзабележителен дел била гордоста на руската воена единица, тенк „армата“.
На Црвениот плоштад ќе продефилираат и тенковите Т-90, оклопните транспортери БТР-82А, воените пешадиски машини БМП-М, „мста-С“ и слично.
Грандиозниот противавионски ракетен систем БУК-М2.
Продефилирале и противавионските ракето-топовски системи „панцир С1“ и ракетните системи „јарс“.
Дефиле на претставници на Воздушно-космичките сили на Руската Федерација.
Претставници на поморските сили.
Питомките на воената акаедмија „Хруплијев“ први продефилираа во парадата.
Командантот на паарадата е главниоткомандант на Копнените сили на Руската Федерација, генералот Олег Салјуков.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/iDqPOw6bcr8[/embed]„Историјата не учи дека ние во светот не одржуваме сами по себе. Денес цивилизацијата повторно е соочена со насилство. Тероризмот стана глобална закана и треба да го победиме. Русија е отворена за соработка со други земји. Нашите војници и сега покажаа дека се достојни наследници на хероите од Втората светска војна“, изјави помеѓу останатото рускиот претседател Владимир Путин во краткиот говор и на сите им го честиташе Денот на победата.
Прославите на Денот на победата веќе одамна почнаа на рускиот Далечен исток.












