(ВИДЕО-ФОТО) Демонстрантите палат полициски автомобили на протестите против ЕЦБ во Франкфурт
Илјадници демонстранти се судрија со полицијата и запалија неколку полициски автомобили за време на протест во германскиот град Франкфурт против мерките за штедење, соопшти „Ројтерс“. Целта на акцијата беше да се блокира церемонијата за свеченото отворање на новата централа на Европската централна банка (ЕЦБ). Зградата е во вредност од 1,3 милијарди евра.
Освен тоа што биле запалени полициски автомобили, некои улици биле блокирани од барикади од наредени автомобилски гуми и канти за ѓубре. Најмалку еден полицаец бил повреден во судирите.
Полицијата употребила водени топови за да направи пат низ толпата демонстранти со црни капи кон влезот на зградата.
Се очекува претседателот на ЕЦБ Марио Драги да има говор во 11 часот по локално време.


