(ВИДЕО-ФОТО) Дали е одмазда: Двајца полицајци повредени во Фергусон!
Двајца полицајци се повредени рано утрово од огнено оружје за време на протестот пред полициската станица во Фергусон, во американската сојузна држава Мисури, јавија американските медиуми.
Според нивните наводи, полицискиот претставник од Фергусон Ал Ајкхоф изјавил дека не верува дека се повредени полицајци припадници на неговата полициска станица.
Тој не можел да каже повеќе детали за нивните повреди.
Кога се слушнале пукања неколку десетици демонстранти избегале викајќи: „Погодени се полицајци“.
Неколку десетина демонстранти се собрале синоќа пред полициската станица во Фергусон , само неколку часа откако шефот на полицијата на Фергусон Томас Џексон најавил оставка, наведува Ројтерс.
Демонстрантите барале Џексон да поднесе оставка од кога полицаецот Дарен Вилсон на 9 август 2014 го уби американскиот црн тинејџер Мајкл Браун.
Пред Џекосн оставка поднесоа низа официјални претставници после објавувањето на извештајот на американското министерство за правда во кое се наведени злоупотреби мотивирани со расизам во полицијата и во општинскиот суд во Фергусон.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=nVTXAKnvsAc[/embed]


