Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) ЦРВЕН АЛАРМ ВО ХАВАИ: Вулканот беснее, отровен облак се шири над Островот

(ВИДЕО-ФОТО) ЦРВЕН АЛАРМ ВО ХАВАИ: Вулканот беснее, отровен облак се шири над Островот

На Хавајскиот Голем остров е прогласен црвен аларм за авиосообраќајот поради огромниот облак на пепел од вулканот Килауеа, бидејќи лавата се покренала и предизвикала низа земјотреси од кои најсилниот бил 4,4 степени по Рихтер, а од самиот вулкан почнале да летаат камења поголеми од половина метри.


Потресите оштетиле патишта и згради на големиот остров. Големи камења со пречник 60 цм се најдени на паркинг на околу стотина метри од кратерот на вулканот.


Токсичниот облак се движи на висина од преку 3 км, ширејќи сива прашина наоколу. Надреално делува сцената во која се гледаат играчи на голф, кои како да не се свесни на можните последици од ерупцијата на вулканот.

Експертите предупредуваат дека земјотресите можат да покренат одрони и подземи карпи и да отворат нови тунели за тек на лавата.


Слично

Поврзани вести