(ВИДЕО-ФОТО) Бурата во Тексас засeга ги однесе животите на над 35 лица
6-годишно момче е едно меѓу жртвите на поплавите во Тексас. Од пограничните области на американската држава бурата се префрлила кон Далас. Нивото на реките е опасно високо. Реката Арканзас можно е да се изелее. Луѓето се исплашени и чекаат помош.
„Беше многу страшно. Како се симнував од колата надолу, светлата потонуваа во водата. Беше многу страшно“, раскажжала Ана Торпоманова од Хјустон. Вечерва се подготвуваат за нови катастрофи и нови обилни дождови.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/A1598efwxnw[/embed]Страшни глетки и во Далас. Таму властите добиле повеќе од 280 повици за поплавени делови. Видеа со спасувањето на луѓе во последен момент, кои бараат спас на покривите на своите автомобили, се емитуваат и во вестите.
Поплавите отворија гигантска јама во близина на реката Хасинто. Во околните гратчиња веќе е наредена масовна евакуација, за да нема многу жртви, заедно со своите домови, во огромниот кратер.
„Ние имаме наше езерце во двор. Тоа исто така се излеа во моментов. Никогаш не било толку страшно“, раскажува Александра Нол од градот Сегин, на 30 милји од Сан Антонио. Таа се плаши реката Гвадалупе да не се излее што се случувало во неколку години наназад.
Брод со деца кои завршувале со училиште, бил однесен од надојдените води. За среќа сите 18 лица се спасени. Во меѓувреме луѓето во Тексас се молат прогнозите за уште дожд да не се остварат. „Да се надеваме дека ја погрешиле прогнозата - само 20%, а не 50“.
До овој момент бурата ги однесе животите на над 35 лица.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/cnU3YEtTYw8[/embed]



