Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) БУРА ЈА ПОКОСИ ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Петтмина мртви, илјадници без струја!

(ВИДЕО-ФОТО) БУРА ЈА ПОКОСИ ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Петтмина мртви, илјадници без струја!

Намалку пет луѓе загинале во невремето, кое денеска ги погоди централните делови на Европа предизвикувајќи прекин на струја и прекин на сообраќајот, соопштија припадници на спасувачките служби.


Во Чешка една жена настрадала кога врз неа паднало дрво во градот Требиќ, додека еден повозрасен човек настрада во североисточниот дел на Прага.

Во Полска настрадал возач во автомобил кога налетал на гранка која паднала на патот во близина на северозападниот град Шчечин, соопштија пожарникари, пренесоа медиуми од регионот.

Силен ветар предизвикал прекин на сообраќајот на неколку железници и патишта во Чешка.

Неколку реки на северот од земјата достигнале алармантно ниво на вода, додека стотици илјади домаќинства се без електрична енергија. И во Полска околу 200 000 луѓе немаат струја.


Во Германија се поплавени делови од Хамбург.

Властите денес прогласиле состојба на елементарна непогода во Берлин каде пожарникари настојуваат да ги исчистат последиците од бурата.


Слично

Поврзани вести