(ВИДЕО-ФОТО) Бродолом кај Ванкувер: Потона брод со 27 патници, петмина загинати!
Брод со 27 патници се преврте кај Ванкувер, а во несреќата настрадале пет лица додека едно лице и понатаму се води како исчезнато, соопштија канадски власти.
Брод за набљудување на китови упатил повик за помош во неделата доцна попладне.
Бродот декумно потонал на околу осум наутички милји западно од градот Тофино, популарната дестинација за набљудувачите на китови на канадскиот западен брег, соопштил Координациониот центар за спасување.
-Сега можеме да потврдиме дека бројот на жртви на инцидентот близу Тофино е пет лица-изјавила портпаролката на иселеници во канадската провинција Британска Колумбија, Барб Макликток.
Во целоноќната потрага за преживеаните ангажирана е крајбрежната стража и авиони и хеликоптери за потрага и спасување.
Засега не е позната причината за несреќата, а Одборот за безбедност на соосбраќај соопштил дека истрагата е во тек.
Бродот “Levijatan II”, долг 20 метри, кој го користел центарот „Jamie’s Whaling Station“ работи веќе со години и е еден од првите центри за организирање на такви тури.
Погледнете го видеото:
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/pZM4elT_EiE[/embed]

