(ВИДЕО-ФОТО) Бегалски Амазон по заливот на Балканот
Стотици бегалци поминуваат секојдневно пешачење од еден кон друг камп на територијата на Балканот, само за да стигнат до Западна Европа. Видеата од воздух, направени со помош на дрон, покажуваат како миграциската поворка ги блокираа тотално сите патни артерии, поминувајќи пешки од еден кон друг бегалски камп на територијата на Словенија. Редиците од луѓе се долги стотици километри.
И токму излегувањето од бегалскиот камп во Горња Радгона, соопшти „dailymail.co.uk“
Луѓето едвај издржуваат на студот, на постојаниот дожд и гладот, за само да се најде ново засолниште. Видеата доаѓаат токму по предупредувањето на повеќето од лидерите на земјите во Унијата дека поради бегалците многу од земјите ќе западнат во состојба на колапс.
Поради засилениот напад од страна на бегалците на земјите од Балканскиот полуостров ЕУ одлучи да изврши дополнителна помош во регионот. За Хрватска, Грција и Македонија ќе се одвојат милиони евра за изградба на привремени кампови за 50 илјади бегалци. Освен тоа, во Словенија ќе бидат испратени 400 полицајци за да го чуваат редот по границата на земјата.


