Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Бегалецот кој го сопкаше унгарската снимателка бил прволигашки фудбалски тренер!

(ВИДЕО-ФОТО) Бегалецот кој го сопкаше унгарската снимателка бил прволигашки фудбалски тренер!

Секој нормален човек е запрепастен од глетката на сопнување на сириските бегалци од страна на унгарската снимателка, која не само што ладнокрвно ги сопкала несреќните луѓе, туку во стампедото на емигранти шутирала и деца.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/LotteLeicht1/status/641588472634056704/photo/1[/embed]

Снимките од непознатата локација во Унгарија го обиколија светот, а не помина многу од моментот кога е утврден идентитетот на човекот кој безобразната Унгарска го сопна додека трчаше со дете во прегратките.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/25a5RRh6nXs[/embed]

Во прашање е прволигашки фудбалски тренер во Сирија.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/panyiszabolcs/status/641717043126005761/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Се вика Осама ал Абд ал Мохсех и е од сирискиот град Деир ез Зор и пред да побара спас во бегалството, тренирал фудбалери на клубот Ал Фотува СЦ од сириската Премиер лига, а го препознале членови на интернет страница од една сириска заедница од Европа.

Osama al Abd al Mohseh

Тие рекле дека Мохсех Сирија ја напуштил бегајќи до џихадистите на Исламската држава, а наводно бил еден од првите револуционери кои го заробиле и мачеле припадници на режимот на претседателот Башар ал Асад.

На Фејсбук профилот на Осама ал Мохсех се наоѓа фотографија на кој тој стои на местото тренер на фудбалскиот тим Ал-Фотува.

Osama al Abd al Mohseh 1

Бидејќи цел свет остана згрозен од постапката на унгарската снимателка Петра Ласло, а таа во меѓувреме поради тоа моменталбо доби отказ, е објавено дека таа работела за телевизијата Н1л станица блиску до екстремно десничарската партија Јобик.

Унгарското обвинителство покрена кривична истрага против неа поради нарушување на редот.

Слично

Поврзани вести