Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Бебе преживеа, откако помина 14 часа во автомобил, кој паднал во река!

(ВИДЕО-ФОТО) Бебе преживеа, откако помина 14 часа во автомобил, кој паднал во река!

Осумаесетмесечно бебе преживеало откако поминало речиси 14 часа во автомобил, кој паднала во студените води на реката во американската држава Јута, соопштија американските медиуми, повикувајќи се на властите.

bebe 3

Девојчето било примено во болница во Солт Лејк Сити, а неговата состојба е подобрена од критично на стабилно. Тоа било пронајдено од рибар заедно со 25-годишната мајка на детето, која сепак е пронајдена мртва по сообраќајката во автомобилот.

bebe 2

Рибарот го забележал автомобилот, превртен во реката Форк, на околу 80 километри од Солт Лејк Сити.

bebe 1

Детето било пронајдено заврзано со сигурносен појас и со главата надолу над водите на реката, кои течеле низ колата, но не стигнале до него. Мајката била врзана со сигурносниот појас на возачкото место.

Слично

Поврзани вести