Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО+ФОТО: Авганистанецот кој изврши напад во воз е борец на „Исламска држава“

ВИДЕО+ФОТО: Авганистанецот кој изврши напад во воз е борец на „Исламска држава“

Авганистанецот кој ги нападна патниците во возот што патувал кон Вурцбург бил поврзан со терористичката организација „Исламска држава“, јавува германската телевизија Н24, повикувајќи се на извори блиски до истрагата.

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/BrHKkecgpX0[/embed]

И терористичката организација информираше дека станува збор за нивен борец.

Полицијата пронашла рачно насликано знаме на ИД во купето каде Авганистанецот ги нападнал патниците пред да биде застрелан од полицијата, информираат од Министерството за внатрешни работи на Баварија.

222

Момчето пред да го изврши нападот извикувало „Алаху Акбар“ (Господ е голем), а потоа со секира им нанел повреди на шест луѓе. Во возот делувал сам, а сообраќајот е во прекин поради нападот.

Авганистанецот пристигнал во Германија без придружба пред две години. Две недели пред нападот тој живеел во згрижувачко семејство.

44444444

Слично

Поврзани вести