(ВИДЕО-ФОТО) 12 МИЛИЈАРДИ ФРАНЦИ ИНВЕСТИЦИЈА: Швајцарија го отвора најдолгиот тунел во светот
Во Швајцарија ќе биде отворен најдолгиот тунел на светот наречен Готар кој ќе преминува низ срцето на швајцарските Алпи и ќе го поврзува централниот кантон Ури со југот на земјата.
Тунелот е долг 57 километри, чинел околу 12 милијарди швајцарски франци, го граделе 2400 работници, а свечено ќе биде отворен во среда.
Сега патувањето со воз од Цирих до Милано ќе трае два часа и 40 минути.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/QaTN_R1b00I[/embed]Тунелот Готар така ќе го пристигне јапонскиот тунел Сеикан, кој со 53,9 километри досега бил најдолг на светот.
Официјално отворање на тунелот е планирано за први јуни, а освен швајцарските претставници на него ќе присуствува и францускиот претседател Франсоа Оланд, канцеларката на Германија Ангела Меркел и премиерот на Италија Матео Ренци.
Целосна употреба на тунелот ќе почне во декември оваа година.
Идејата за изградба на овој тунел ја дал швајцарскиот инжинер Карл Едуард Грунер во 1947 година.
Тоа бил визионерски проект, за кој Грунер рекол дека би можел да биде завршен до почетокот на 21 век.
За да биде изграден тунелот ископани се повеќе од 28 милиони карпи.
Изградбата официјално започнала во 1999 година, но имало многу бирократски и финансиски проблеми поради загриженоста во одржливоста на тунелот.
Граѓаните на Швајцарија конечно на референдумот во 1998 година изгласаа за изградба на тунелот, вклучувајќи и зголемување на патарините, како изградбата на тунелот би се финансирала.



