(ВИДЕО) КОЈА Е ПРИЧИНАТА: Фински студенти живеат во старечки домови
Финските студенти кои се на возраст од 18 до 25 години се почесто живеат во старечки домови затоа што цените на недвижнините растат.
Овој тренд е присутен последните години.
Во најголемиот дом за стари и немоќни лица во Финска, засега живеат четворица млади луѓе.
Бидејќи собите ги добиваат за многу поевтини цени, мораат по неколку часа неделно да поминуваат во дружење со старите лица.
Хелсинки е еден од најскапите градови во светот. Луѓето кои се млади и немаат свој дом, имаат право една година да живеат во дом за стари лица, но тоа време е сосема доволно за да се снајдат.
Слично
