Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Филмско апсење на најголемите нарко-босови на Балканот

(ВИДЕО) Филмско апсење на најголемите нарко-босови на Балканот

Српската полиција извести дека го скршила најголемиот ланец на шверц со дрога и оружје во земјата, а и еден од најголемите на Балканот.

Министерството за внатрешни работи на Србија објави снимки од апсењата на двајцата дилери на дрога.

Српскиот министер Небојша Стефановиќ рече дека полицијата утринава влегла во просториите во Нови Сад и Нови Пазар, во кои со години бил шверцуван хероин од Турција низ територијата на Србија кон Западна Европа.

"Станува збор за меѓународна криминална група, која се занимава со шверц на оружје на територијата на Србија и Франција. Со ова е пресечен најголемиот ланец на шверц на оружје и дрога", рекол Стефановиќ.

Стефановиќ додаде дека преку акцијата биле откриени организаторите и врвот на пирамидата на шверцот на дрога, истакнувајќи дека било најдено и автоматско оружје.

  [embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=i2FcEIixpNs[/embed] [embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=iXrc5pue8xE[/embed]
Слично

Поврзани вести