(ВИДЕО) ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ ВО ФРАНЦИЈА: Крадци со динамит кренаа во воздух банкомат
Грабеж како на филм се случи во северна Франција, при што четворица напаѓачи со динамит го дигнале во воздух сефот на поштата во градот Рубе и избегале со парите.
Во 8:30 часот наутро, кога поштата сè уште не била отворена, четири лица пристигнале пред зградата и поставиле динамит на надворешниот сеф што се користи за депонирање готовина за банкоматите. По силната експлозија, напаѓачите го земале пленот и побегнале со возило во непознат правец, објави „Ле Фигаро“.
Експлозијата предизвикала сериозна материјална штета на фасадата на поштата, но повредени нема.
Полицијата веднаш го блокирала подрачјето, а јавниот обвинител во Лил веќе отвори истрага за грабежот. Засега не е познато колку пари биле однесени, ниту идентитетот на сторителите, кои според сведоци делувале брзо и професионално.
Пред извесно време Франција ја потресе кражба во музејот Лувр, а осомничените беа приведени.
фото принтскрин
Explosion à la poste de Roubaix ce matin à 8h50 pic.twitter.com/51Byo2o4vE
— 75 Secondes (@75secondes) November 12, 2025
