Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ФИЛИПИНСКИ ТОВАРЕН БРОД СКРШИ АМЕРИКАНСКИ РАЗУРНУВАЧ: Тројца повредени, седуммина исчезнати

(ВИДЕО) ФИЛИПИНСКИ ТОВАРЕН БРОД СКРШИ АМЕРИКАНСКИ РАЗУРНУВАЧ: Тројца повредени, седуммина исчезнати

Тројца морнари се повредени а седум исчезнати по судир на американски разурнувач „Ју ес ес Фичералд“ и филипински трговски брод на 56 наутички милји југозападно од градот Јокосук во Јапонија.

Јапонската крајбрежна стража соопштила дека навлегла вода во американскиот разурнувач , но дека нема опасност од потонување, додека трговскиот број може непречено да плови, пренесе Ројтерс.


Како што се наведува, тројца повредени се медицински згрижени, а меѓу нив и еден од капетаните на разурнувачот кој со хеликоптер е префрлен во морнаричката болница во базата Јокусук.

Јапонската крајбрежна стража и морнарички одбрамбени сили ги бараат исчезнатите морнари.

Засега е нејасно како дошло до несреќата, но според наводите на морнарицата, разурнувачот е оштетен од денста страна, под и над нивото на водата.


Трговскиот брод кој трипати е поголем од разурнувачот, носел 1080 контејнери од Нагоја до Токоја, а ниту еден од 20 членови на екипажоот не е повреден , ниту оштетен.

Слично

Поврзани вести