Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ФИЛИПИНИТЕ ВО ОПАСНОСТ: Брачна двојка се венчаше при ерупција

(ВИДЕО) ФИЛИПИНИТЕ ВО ОПАСНОСТ: Брачна двојка се венчаше при ерупција

Двојка од Филипините се венчаше среде вулканска ерупција. 

Чино Вафлор и Кат Баутиста Паломар вчера се венчаа на  10 километри од вулканот Тал. Додека церемонијата траела, луѓето сфатиле дека Тал се буди. 

Филипинските власти подоцна прогласија тревога од втор степен, најавувајќи експлозивна ерупција во наредните часови. На сите луѓе во радиус од 14 километри им е наредено да заминат.

Ерупцијата денеска е поопасна, а вулканот почна да исфрлува и лава. Вулканот се ноаѓа на околу 70 километри јужно од главниот град Манила. 

Властите наредија евакуација на 8.000 луѓе.

Училиштата, владините канцеларии и компаниите се затворени во Манила. Аеродромот во Манила е делумно отворен. За 450 години се забележани најмалку 34 ерупции. Последен пат имало ерупција во 1977-ма година, додека при ерупција во 1911-та година загинале 1.500 лица.


Слично

Поврзани вести