(ВИДЕО) ФЕНИКС КОЈ ГИ ШИРИ КРИЛЈАТА: Ова е новото кинеско чудо-најголемиот аеродром во светот
Аеродромот „Морска ѕвезда“ кој се наоѓа 46 км јужно од центарот на Пекинг, ќе биде најголем аеродром во светот. Се наоѓа на границата помеѓу округот Дакинг и Лангфанг, град во провинцијата Хебеи и се простира на околу 700 000 квадратни метри што од прилика е големина од 100 фудбалски терени.
Ентериерите ќе имаат градини, украсени пејзажи, но и одделни површини за домашните и меѓународните патници.
Ќе има и четири писти и 620 000 летови годишно. На годишно ниво ќе може да опслужи до 100 милиони патници и 4 милиони тона терет годишно. Пробните летови нема да бидат класично комерцијални.
Авионите на кинески компании ќе слетаат на аеродромот, а пробните летови ќе траат околу еден час. Четири писти од овој аеродром минатата недела поминаа инспекциски контроли, а сите градежни и техничко-инфраструктурни работи одат по план.
Терминалот кој го дизајнирала Заха Хадид од 700 000 квадратни метри ќе биде поделен на делот за домашни и меѓународни летови.
Површински, тоа ќе биде најголемиот аеродром на светот. Се очекува сите работи да бидат при крај до 30 јуни, а отворањето е планирано за 30 септември.
Веќе во 2021 година би требало ова воздушно пристаниште да го користат 45 милиони патници, а до 2025 дури 72 милиони.
