(ВИДЕО) ФБИ ТВРДИ: „Исламската држава“ лаже дека е поврзана со нападот во Лас Вегас
ФБИ не смета дека напаѓачот, кој уби повеќе од 50 лица во Лас Вегас, бил поврзан со „Исламска држава“, како што вели терористичката организација.
Ова беше објавено од страна на Гардијан.
Полицијата го претресе домот на напаѓачот, околу 130 километри од Лас Вегас. Според агентот на ФБИ, Арон Рус, нема докази дека напаѓачот го прифатил исламот, како што тврди Исламската држава на неговиот пропаганден медиум Амак.
„Ние досега утврдивме дека нема врска помеѓу нападот и меѓународните терористички организации„, рече тој. Претходно, „Исламската држава“ ја презеде одговорноста за нападот. Во меѓувреме, жртвите достигнаа 58 лица. Ранетите се стотици.
Потсетуваме дека 64-годишен човек пукал на посетители на концерт на отворено во Лас Вегас. Претседателот Трамп го нарече „чин на чисто зло“.
