(ВИДЕО) Фатално уривање на надвозник во Индија, стотици загинати и затрупани
Бројот на загинати во катастрофалната несреќа во западниот индиски град Колката се очекува и понатаму да расте, бидејќи стотици луѓе и понатаму се исчезнати и затрупени во урнатините од надвозникот кој се урна во центарот на градот.
Досега вкупно 21 лице го загубија животот, а над 150 луѓе се водат како исчезнати и по нив се трага низ урнатините.
Над 140 тони тешкиот кран не успеа да ја подигне бетонската плоча која се урна и под која се стравува дека има многу луѓе. Надвозникот во Калкута беше долг два километри.
Телевизиските снимки покажуваат затрупани делови од тела, популарните двоколки рикши, уништени и изгорени автомобили кои со дигалките се извлекуваат од под урнатините.
Во спасувачките напори учествуваат околу 400 војници, меѓу кои и инженери и медицински персонал.

