Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЕВРОПА ВО ОПАСНОСТ: Вулканот Етна затрупа села со пепел

(ВИДЕО) ЕВРОПА ВО ОПАСНОСТ: Вулканот Етна затрупа села со пепел

Најактивниот европски вулкан Етна на Сицилија еруптирал во понеделникот, а инструментите забележале повеќе од 130 потреси, од кои најсилниот бил 4,3 степени, пренесоа светски медиуми.

Забележано е дека лава почнало да истекува од нови пукнатини на југоисточниот кратер. Вулкански пепел ги прекрил блиските села, а привремено бил прекинат сообраќајот на аеродромот во Катанија.


Во понеделник утрото се слушнала силна експлозија близу Етна. На видео снимките се гледа густ облак од чад над 3 350 метри високиот вулкан. Луѓето во подножјето на планината веднаш се предупредени да се тргнат на безбедно.

Италијанскиот вулканолошки институт забележал повеќе од 130 потреси во период од три часа, почнувајќи од 8 часот и 50 минути утрото. Најсилниот бил со магнитуда од 4 степени на североисточната страна на Етна, а останатите се почувствувале на северното крило.

После земјотресот следеле интензивни ерупции од новиот кратер на југоисток. Тресењето на земјата продолжило и после кога е забележан најсилниот потрес од 4,3 степени. Засега нема извештаи за материјална штета.



Слично

Поврзани вести