Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЕВРОПА ПОТРУПАНА ОД СНЕГ, НА ДРУГИОТ КРАЈ НА СВЕТОТ ПЕКОЛ: Австралија се пржи на 50 степени

(ВИДЕО) ЕВРОПА ПОТРУПАНА ОД СНЕГ, НА ДРУГИОТ КРАЈ НА СВЕТОТ ПЕКОЛ:  Австралија се пржи на 50 степени

Додека делови од Европа се борат со рекордни наноси на снег и лавини кои носат човечки животи, австралиските власти ги предупредуваат граѓаните да избегнуваат престој на отворено поради рекордно високите температури во некои делови од земјата кои ќе растат и во следните денови.

Делови од најнаселените австралиски држави Нов Јужен Велс и делови од Западна Австралија бележат рекордни ноќни температури од 33 степени Целзиусови, а најмногу дневните температури би можеле да пораснат и преку 45 степени во делови на Нов Јужен Велс, Јужна Австралија и Викторија, објави државниот метеоролошки завод . Во градот Марбл Бар се измерени дури 49,3 степени Целзиусови.

-Избегнувајте физички активности, пијте доволно течнот-вели Ричард Брум, директор за здравје и околина во владата на Нов Јужен Велс.

Поради екстремните горештини на југоистокот на земјата на бреговите се насукале повеќе од милион риби а експертите предупредуваат дека ситуацијата ќе се влоши во наредните денови. Се очекува овој врел бран да трае уште најмалку недела дена.

Необичаено високи температури дополнително го исцрпуваат земјоделството кое уште се опоравува од сушната година. Многу земјоделци претрпеле штета од сушата која ги погоди зимските пченични посеви.


Австралија која е четврт највисок светски извозник на пченица, забележа најнизок принос од оваа култура во изминатите десет години поради сушата.

Со екстремно сушното време и високи температури сега постои опасност од избивање пожари. 

Лани пожарникарите се бореа со повеќе од сто пожари долж североисточниот брег на кој рекордните температури предизвикаа бран од пожари.


Foto: Printscreen YT


Слично

Поврзани вести