(ВИДЕО) Европа под закана на мега цунами
Мега цунами им се заканува на Европа и САД, а ако се активира малиот вулкан ќе исчезне брегот на Англија и Франција.
Професорот Стивен Спаркс, од Универзитетот во Бристол, го откри Кумбре Виеха, многу активен вулкан на островот Ла Палма, во близина на популарната дестинација за одмор на Тенерифе.
Тој како еден од најистакнатите вулканолози на светот предупреди дека ако проработи еден многу активен вулкан на Канарските острови, бреговите на Европа, Велика Британија и САД може да бидат уништени од огромно цунами.
„Тешко е да се знае колку би било опасно ова цунами околу Атланскиот океан зошто може да удри на источниот брег на САД или на Европа. Зошто е тешко: ако се бањате и направите бран така што со рака ќе ја турката водата од еден на друг крај ќе добиете поголем бран отколку да туркате полека“, вели тој.
Тоа може да предизвика големо цунами.Кумбре Виеха значи стар рид на шпански. Два пати имал ерупција во 1949 и во 1971 година, во во текот на изминатите 12 месеци на островот се забележани илјадници потреси, од кои 928 само во една седмица во февруари годинава.
Голема ерупција може да значи дека осторовот ќе престане да постои - заедно со брегот на јужна Англија.
