Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Еве зошто светот се плаши од хидрогенската бомба на Северна Кореја

(ВИДЕО) Еве зошто светот се плаши од хидрогенската бомба на Северна Кореја

Хидрогенската бомба, за која Северна Кореја тврди дека денес ја тестираше, е далеку појака од атомската бомба.

Таа уште се нарекува и термонуклеарна и „супербомба”, а спрема проценките на експертите таа може да биде и 1000 пати појака од атомската бомба, која беше фрлена во Јапонија во Втората светска војна.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=RqqbVI1pVgE[/embed]

За разлика од атомската бомби, чија експлозијата се базира на нуклеарна фисија или разделување од атоми, експлозивната моќ на хидрогенската бомба е базирана на фузија или спојување на атомски јадра.

Технологијата на хидрогенската бомба претставува опасност за целиот свет, бидејќи може да биде доволна за да се уништи еден континент – смета Такао Такахара, професор за меѓународна политика на универзитет во Токио.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=UxF10IYOMCo[/embed]

Освен Северна Кореја, ваква бомба имаат и САД, Русија, Франција, Велика Британија и Кина, но во никогаш не била употребена.

Слично

Поврзани вести