Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Еве зошто луѓето бегаат од Сирија

(ВИДЕО) Еве зошто луѓето бегаат од Сирија

Едно шокантно видео покажува мртви граѓани, делови од тела расфрлани по улиците, остатоци од секојдневниот живот, што е буквално скршено како огледало.

Уште еден доказ кој ја покажува вистинската ситуација во Сирија, е рекорд кој го направиле медицинските доброволци од цивилната заштита на градот Алепо, најголемиот град во Сирија.

Шокантното видео ги покажува ужасните последици од крвавиот напад на силите кои го поддржуваат режимот на Башар Асад.

Проектилите биле истрелани од силите лојални на претседателот Башар Асад, а во експлозијата загинале 32 лица.

За жал, тука не станува збор за изолиран инцидент. Сириските набљудувачи за човекови права соопштуваат дека воздухопловните сили на Асад за 11 месеци извршиле 38 199 слични напади, во кои загинаа повеќе од 6.000 цивили.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/t8h8M08RbMg[/embed]
Слично

Поврзани вести