(ВИДЕО) Еве што остана од Катманду по страшниот земјотрес
Бројот на загинатите во земјотресот во Непал достигна до 5057 лица, објавија властите во земјата, цитирани од светските агенции.
Претходно денеска премиерот на Непал Суши Коирала изјавил дека не е исклучено бројот на загинатите да се зголеми и да достигне до 10 000 лица, пренесува агенција „ТАСС“. Според неговите зборови, на властите и треба шатори и лекови.
„Третманот на настраданите е сериозен проблем“, истакна Коирала.
Ситуацијата во земјата се влошува и од тековните потреси, кои веќе се зголемиле на 67, пренесуваат агенциите. Моќноста се движи од 3,2 до 6,9 степени според Рихтер. Повеќето од нив биле почувствувани во Индија, Мјанмар и Бангладеш.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/1H7ltqk6alo[/embed]
Слично
