Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Еве како жените во Иран се побунија против носењето хиџаб

(ВИДЕО) Еве како жените во Иран се побунија против носењето хиџаб

Жените во повеќе градови во Иран протестираа против носење хиџаб, а полицијата во главниот град Техеран уапси 29 лица поради учество во протестите.

Револтирани од строгите правила за облекување, жените ги тргаа хиџабите и мавтаа со нив.

Иранската полиција тврди дека на однесувањето на тие жени влијаеле странци, меѓутоа, Масих Алинеџад, една од активистките, за Си-Ен-Ен изјави дека никој од странство не ги поттикнал на тоа.

Жените во Иран мораа да носат хиџаб уште од 1979 година. 

Но, во последните месеци полицискиот притисок за „пристојно“ облекување е ублажен, па жените повеќе не се апсат и затвораат, туку наместо тоа добиваат мала парична казна. 


Слично

Поврзани вести