Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Еве како во Ирак се слави победата над ИД

(ВИДЕО) Еве како во Ирак се слави победата над ИД

Во Багдад денеска се одржува воена парада со која се прославува конечната победа над Исламска држава (ИСИС). 

Премиерот Хајдер ал Абади вчера прогласи конечна победа над ИСИС откако ирачките воени сили ги „исчистија“ од својата земја последните терористи. Ова се случи по три години откако групата зазема скоро третина од ирачката територија.

Тој рече дека за кратко време успеале да ги победат терористите. 

„Нашите сили целосно ја контролираат ирачко-сириската граница. Затоа јас го објавувам крајот на војната“- изјави Ал Абади. 

ИСИС освои третина од Ирак во 2014 во брза офанзива, со што беше доведено во прашање постоењето на ирачката држава.

Со помош на меѓународната коалиција предводена од САД, ирачките сили тргнаа во контраофанзива и ги вратија изгубените територии.


Слично

Поврзани вести