Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Еве како пожарникарите спасуваа луѓе на надвозникот во Италија

(ВИДЕО) Еве како пожарникарите спасуваа луѓе на надвозникот во Италија

Противпожарната служба на Твитер  објави драматично видео од спасувачката акција на надвозникот во близина на Џенова.

На видеото се гледа како пожарникар извлекува  човек од возило додека виси на остатоците од надвозникот. Бројот на загинати во вчерашната катастрофална несреќа достигна 41 . Поради силно невреме и попуштена конструкција, надвозникот долг над еден километар попушти и се урна. Во моментот на уривањето на него имало меѓу 30 и 35 автомобили и три камиони.

Возилата паѓале од височина од 50 метри на долното ниво на патот.

Комапнијата Автострада ќе го реконструира надвозникот, а ќе плати и восока казна, соопшти денеска министерот за транспорт, Данило Тонинели.

Од компанијата наведуваат дека пред катастрофата е извршена инспекција на надвозникот, која не покажала проблеми во конструкцијата.

Надвозникот е најбрзата врска преку автопатот А10 меѓу Италија и Франција.  Меѓу загинатите има и француски државјани.


Слично

Поврзани вести