Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО: ЕВЕ КАКО ЈА ДОБИ СТАТУАТА ШТО ГО УБИ ТАТАРСКИ: На камера фатен моментот, не се знае кој стои зад експлозијата!

ВИДЕО: ЕВЕ КАКО ЈА ДОБИ СТАТУАТА ШТО ГО УБИ ТАТАРСКИ: На камера фатен моментот, не се знае кој стои зад експлозијата!

Не е јасно кој стои зад експлозијата, а Украина негираше вмешаност. Државниот истражен комитет на Русија објави дека отворил истрага за убиството.

Татарски загинал во експлозија во барот „Стрит фуд“ лоциран во центарот на градот, а бомбата имала сила од 200 грама ТНТ.

Телеграмски канал поврзан со руската полиција објави видео на кое се гледа дека Татарски, со микрофон во рака, зема статуа на војник со шлем.

Според извештаите, експлозијата се случила неколку минути подоцна. Повредени се 25 лица, а 19 од нив се пренесени на лекување во болница.

Неименуван извор изјавил дека бомбата била скриена во минијатурна статуа. Очевидци наведуваат дека непозната жена му пришла на Татарски и му „дала фигура која му експлодирала во рацете“ и го убила на лице место.

Во друг извештај за инцидентот се наведува дека во кафулето била поставена бомба.

Руското Министерство за внатрешни работи, кое ја потврди смртта на Татарски, соопшти дека на местото на настанот работат службеници од Главната управа за криминалистички истраги, локалната полиција и службите за итни случаи и дека се утврдуваат „причините и околностите“ за нападот.

Инаку, ресторанот некогаш му припаѓал на Евгениј Пригожин, основачот на групата Вагнер, која во Украина се бори за Русија, пишува Дејли Мејл.



Слично

Поврзани вести