Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Еве како изгледа Доријан од вселената

(ВИДЕО) Еве како изгледа Доријан од вселената

Астронаутот од Европската вселенска агенција Лука Пармитано направил фотографии од невремето од категорија 5, од ураганот Доријан. 

Ураганот сега дува со брзина од 250 км/ч. и оддалечен е околу 180 километри источно од Вест Палм Бич на Флорида. Најмалку една жртва, откорнати дрвја, уништени куќи, населби без електрична енергија и поплави зад себе остави Доријан, најсилниот ураган што некогаш ги зафатил Бахамите. Штетите се големи. Од Црвениот крст соопштија дека 13.000 домови се оштетени или целосно уништени. Најмалку 1.054 летови се откажани во САД поради ураганот.


Слично

Поврзани вести