(ВИДЕО) Еве како беше убиен најбруталниот џелат на ИСИС
Најозогласениот џелат на ИСИС, Џихади Џон умрел сосема поинаку од неговите жртви.
Според британските медиуми тој е безболно убиен „во дел од секундата” со беспилотно летало.
Џихади Џон или Мухамед Емвази бил лоциран во близина на седиштето на Исламската држава во нивниот главен град Рака.
Откако тајните служби ја добиле таа информација, ја испратиле до американската војска од каде што испратиле беспилотно летало да ја изврши операцијата.
Нешто пред полноќ, контролорот на беспилотното летало лансирал еден проектил. "Hellfire" проектилот ја погодил метата со максимална прецизност, летајќи со брзина од 1000 километри на час.
Автомобилот во кој се наоѓал Џихади Џон со уште четворица џихадисти бил погоден 9 минути пред полноќ. Никој не го преживеал нападот.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/HfFkt0vl3ng[/embed]
Слично
