Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Еве како Американците го нападнаа танкерот во близина на Венецуела

(ВИДЕО) Еве како Американците го нападнаа танкерот во близина на Венецуела

Венецуела  остро реагираше откако американските сили запленија танкер за кој тврдат дека превезувал нафта, обвинувајќи го Вашингтон за „меѓународно пиратство“.

Венецуела ги обвини САД за „пиратство“ откако танкер за нафта беше запленет покрај брегот на земјата. Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ја објави операцијата за време на состанокот на бизнис лидери во Белата куќа.

Генералната обвинителка Пам Бонди сподели видео од операцијата, откривајќи дека во операцијата учествувале ФБИ, Службата за национална безбедност, крајбрежната стража на САД и Министерството за одбрана, пишува Скај њуз. Таа рече дека американските сили „извршиле налог за запленување на танкер за сурова нафта што се користи за транспорт на санкционирана нафта од Венецуела и Иран“.

Видеото прикажува хеликоптер како се приближува до танкерот пред војниците да се спуштат на палубата со оружје за да го обезбедат бродот. 

Бонди рече дека запленетиот брод – за кој се верува дека е танкер наречен „Скипер“ – е санкциониран од САД со години „за учество во нелегална мрежа за транспорт на нафта што поддржува странски терористички организации“.

Пред извесно време Трамп кажа дека го затвориле воздушниот простор над Венецуела. Претходно, амерканската армија вршеше напади на бродови кои превезуваат дрога. 


Слично

Поврзани вести