Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Евакуирани стотици луѓе во Лондон поради истекување на гас 

(ВИДЕО) Евакуирани стотици луѓе во Лондон поради истекување на гас 

Околу 500 лица се евакуирани како резултат на големо истекување на гас во јужниот дел на Лондон, соопшти Би-Би-Си, повикувајќи се на британската полиција.

„Движењето во реонот на инцидентот е прекинато, а евакуираните се сместени во четири згрижувачки центари“, се вели во соопштението на полицијата на социјалната мрежа Твитер.

Властите ги замолиле луѓето кои не живеат во реонот на „Пендж Лејн“ и „Квин Аделаид Роуд“ дури и да не движат во регионот, бидејќи движењето е забрането не само за возила, туку и за пешаците.

Се појавија информации дека некои жители ги напуштиле прифатните центри и се сместиле во хотели. Имало и такви кои побарале да се вратат во своите домови, иако има забрана за пристап во тој реон.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/7j1vc8nSO6E[/embed]
Слично

Поврзани вести