Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЕВАКУИРАНИ НАД 12.000 ЛУЃЕ: Пожарот на Тенерифе е подметнат

(ВИДЕО) ЕВАКУИРАНИ НАД 12.000 ЛУЃЕ: Пожарот на Тенерифе е подметнат

Пожарот на Тенерифе е подметнат, тврдат шпанските власти. Не се знае дали одговорните се уапсени.

Бројот на луѓе кои мораа да бидат евакуирани на островот по избувнувањето на пожарот во средата е повеќе од 12.000. Многу луѓе се евакуирани откако пожарот се прошири низ североисточните градови и села, пишува „Скај њуз“.

Фернандо Клавихо, регионален претседател на Канарските Острови, рече дека полицијата се сомнева дека е подметнат пожар и дека истрагата се одвива во три насоки. 

Стотици војници и пожарникари беа ангажирани да го стават пожарот под контрола.

„Службите за итни случаи имаа некои позитивни резултати по многу тешка ноќ“, рече гувернерката Роза Давила, според „Скај њуз“.

Многу мештани се засолниле во спортски сали, клубови и павилјони, а во пожарот нема повредени. Се повикуваат луѓето да останат во затворени простории поради лошиот квалитет на воздухот и да носат маски доколку мора да излезат.

Во пожарот нема оштетени куќи, но изгореа 29.000 хектари борова шума.

Во Грција во пожарите загина човек кој сакал да ја спаси стоката. 



Слично

Поврзани вести