Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЕТНА СЕ РАЗБУДИ: Вулканот исфрла пелел, но луѓето не се евакуирани

(ВИДЕО) ЕТНА СЕ РАЗБУДИ: Вулканот исфрла пелел, но луѓето не се евакуирани

Се активираше италијанскиот вулкан Етна на Сицилија. 

Тој  денеска исфрла пепел, по синоќешното исфрлање лава, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

И покрај активноста на Етна, жителите од градовите на падините на вулканот не се евакуирани.

Етна синоќа речиси константно исфрлаше лава во висина до 150 метри, а денеска исфрла пепел во висина од над сто метри, стои во соопштението на Институтот.

Вулканот беше разбуден и кон крајот на јули. 

Етна е најголемиот активен вулкан во Европа со височина од 3,329 метри, но тоа варира според ерупциите.


Слично

Поврзани вести