(ВИДЕО) ЕСКАЛИРАШЕ ПРОТЕСТОТ ВО ХОЛАНДИЈА: Не сакаат бегалци од Авганистан
Холанѓаните се противат на доаѓањето на бегалците од Авганистан. Во Холандија синоќа имаше протест против бегалците од Авганистан, кој што во еден момент стана тензичен и полицијата мораше да употреби сила, објави Би -Би-Си.
Локалните медиуми објавија дека околу 250 демонстранти се собрале пред прифатниот центар на воениот камп во Харскамп, село источно од Утрехт.
Демонстрантите не сакаа да го напуштат местото на настанот иако полицијата даде таква наредба. Некои од демонстрантите пееја националистички песни и запалија гуми пред прифатниот центар.
Многу земји имаат отпор и не сакаат да примаат бегалци. Таков е ставот на Австрија, Русија, Словенија. Тие се плашат дека овие луѓе нема да се интегрираат или дека постои безбедносен ризик. Ербнб нуди бесплатен престој за 20.000 Авганистанци. Платформата за сместување преку интернет Ербнб соопшти дека ќе смести 20.000 авганистански бегалци, бесплатно за да им помогне да се преселат низ целиот свет.
Слично
