(ВИДЕО) Ескалираа протестите во Иран - има и жртви
На анти-владините протести во Иран, 2.300 луѓет се уапсени, а најмалку 62 се загинати, јавува американската новинска агенција „Активисти за човекови права“.
Иранските власти денеска најавија дека безбедносните сили ќе преземат репресивни мерки против демонстрантите.
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, го отфрли ставот на aмериканскиот претседател Доналд Трамп дека ако иранските власти убиваат демонстранти ќе платат, оценувајќи го како човек „чији раце се извалкани со крвта на Иранците“. На снимки емитувани на иранската државна телевизија, неговите поддржувачи скандираа „Смрт за Америка!“.
Иранските државни медиуми демонстрантите повеќепати ги нарекоа „терористи“, што според набљудувачите може да претставува подготовка за жестоки мерки, слични на оние применети по претходните национални протести во последните години.
Техеранскиот обвинител Али Салехи им порача на демонстрантите во Иран дека учесниците во немирите кои ќе оштетат јавен и државен имот или ќе се судрат со иранските сили за ред и безбедност ќе се соочат со смртна казна.
фото принтскрин
