Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЕСКАЛАЦИЈА ВО ЕРУСАЛИМ: Демонстрантите запалија возила во близина на резиденцијата на Нетанјаху

(ВИДЕО) ЕСКАЛАЦИЈА ВО ЕРУСАЛИМ: Демонстрантите запалија возила во близина на резиденцијата на Нетанјаху

Протестите во Ерусалим, со кои се бара крај на војната и ослободување на 48 заложници кои Хамас ги држи во Газа, денеска ескалираа. Демонстрантите запалија возила во близина на резиденцијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Полицијата уапси тринаесет демонстранти, објавија израелските медиуми.

Демонстрации се одржаа на неколку локации, вклучително и пред Кнесетот, Националната библиотека и резиденциите на премиерот Нетанјаху и министерот за стратешки прашања Рон Дермер. Демонстрантите се забарикадираа на покривот на Националната библиотека на Израел и го блокираа автопатот 431 кон Ерусалим.

Израелската полиција ги осуди инцидентите, велејќи дека „правото на протест не дава право да се палат имоти или да се предизвика економска и здравствена штета на јавноста“. 


Слично

Поврзани вести