Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЕРМЕНЦИТЕ СИ ЗАМИНУВААТ: Ги палат куќите за да не му припаднат на Азербејџан

(ВИДЕО) ЕРМЕНЦИТЕ СИ ЗАМИНУВААТ: Ги палат куќите за да не му припаднат на Азербејџан

Ерменците ги палат своите домови и ги напуштаат затоа што териториите каде живеат ќе му припаднат на Азербејџан со договорот кој е потпишан. 

Жителите на градот Карвачар во регионот Нагорно-Карабах започнаа да ги палат своите куќи, по објавата за предавање на некои територии на Азербејџан.

Тие ја изнесуваат покуќнината и животните пред да го напуштат градот. На северниот пат е забележан голем број на автомобили, комбиња и камиони.

ТВ водителката Олга Скабејева објави на својот профил на „Телеграм“ видео снимка на која може да се види како гори куќа. 

Напиша дека луѓето ги палат своите куќи за да не ги предадат на Азербејџан.

Еден дел од регионот сега ќе му припадне на Азербејџан, а двете страни ќе разменат заробеници.


Франција е подготвена да ја даде својата помош во градењето трајно и праведно решение за сите страни вклучени во решавањето на конфликтот во Нагорно-Карабах.

Рускиот воен експерт, Михаил Ходаренјок предупредил на се поголемиот ризик од исчезнувањето на Ерменија поради протестите и немирите во таа држава поради потпишувањето на договорот за примирје во заоната на конфликти во Нагорно-Карабах.

Европската унија (ЕУ) повика на почитување на договорот за прекин на огнот постигнат меѓу Азербејџан и Ерменија.

Министерството за одбрана на Азербејџан објави снимка од две села во регионот Карабах кои сега се под нивна контрола. 

Слично

Поврзани вести