Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Ердоган ја покажа турската „Челична купола“

(ВИДЕО) Ердоган ја покажа турската „Челична купола“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера официјално го инаугурираше интегрираниот систем за противвоздушна одбрана на Турција, познат како „Челична купола“. Во објектите на компанијата Aselsan во Анкара, тој го опиша проектот како „прекретница за земјата и нејзината одбранбена индустрија“.

„Ова е показател на силата на Турција. Во противвоздушната одбрана воведуваме ново доба за нашата татковина“, изјави Ердоган.

Додаде дека најновата фаза на проектот вклучува 47 возила во вредност од речиси 400 милиони евра. 

„Овие системи ќе внесат доверба кај нашите пријатели, а страв кај непријателите,“ додаде тој.

Турција и претходно настојуваше да ја засили својата воздушна одбрана, набавувајќи руски системи С-400 во 2019 година. Но, тој потег предизвика остра реакција од САД, кои ја суспендираа продажбата на авионите Ф-35 на Анкара, што значително ги наруши одбранбените планови на земјата.


Слично

Поврзани вести