Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЕМОТИВНА ПОРАКА: Како да му го објасните парискиот масакр на мало дете

(ВИДЕО) ЕМОТИВНА ПОРАКА: Како да му го објасните парискиот масакр на мало дете

Емотивниот разговор меѓу еден татко и мало дете од Франција го привлече вниманието на целиот свет. Во интервју за француска телевизија, таткото му објаснува што се случи во Париз, по терористичките напади во кои загинаа над 130 луѓе.

Малото момче е загрижено и вели дека напаѓачите се лоши луѓе и сите треба да се внимателни и да се преселат од дома.

На тоа неговиот татко му кажува дека лоши луѓе има секаде во светот и дека нивни дом е Франција.

„Но, како ќе се браниме од нив? Тие имаат оружје” – вели момчето.

„Тие имаат оружје, но ние имаме цвеќиња” –му вели неговиот татко.

Момчето, збунето, вели дека со цвеќињата ништо не може да се направи, но таткото додава дека со нив можат да се борат против пушките, а со свеќите ќе се сеќаваат на луѓето кои биле убиени.

Целото интервју може да го погледнете овде:

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=UwBcYMaz0Jg[/embed]
Слично

Поврзани вести