Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЕКСПЛОЗИЈАТА СЕ СЛУШНАЛА ДО РУСИЈА: Американците ја фрлија најмоќната бомба врз Авганистан!

(ВИДЕО) ЕКСПЛОЗИЈАТА СЕ СЛУШНАЛА ДО РУСИЈА: Американците ја фрлија најмоќната бомба врз Авганистан!

Војската на САД денес попладне ја фрлила најголемата бомба во Авганистан.

Според податоците на Војската на САД бомбата GBU-43/B наречена „мајка на сите бомби“ сега за прв пат е искористена.


Нападот е извршен денес околу 19 часот по локално време, а мета биле пештери во провинцијата Нангарар на истокот од Авганистан кои ги користеле екстремистите на Исламска држава. После експлозијата е уништено се во круг од 300 метри.

Воздухопловството на САД целело на припадници на ИСИС и тунелите кои ги користат. Експлозијата според пишувања на медиумите се слушнала и во Санкт Петербург.

Бомбата која е тешка 9,5 тони е фрлена во областа Ачин во Нангар провинцијата во источен Авганистан. Пентагон потврдил дека моментално ја согледува штетата. Бомбата има сила од 11 тона ТНТ, а за споредба атомската бомба фрлена во Хирошима имала 15 тона ТНТ.

САД бомбата ја направиле во 2003 година. Бомбата е употребена после 16 години ангажмани на САД во Авганистан и откако припадник на специјалните сили е убиен во источниот регион. Направени се само 20, а секоја чини 16 милиони долари. Вкупно на изработка на бомбите се потрошени 314 милиони долари.



Слично

Поврзани вести