(ВИДЕО) ЕКСПЛОЗИЈА ВО КИНА: Најмалку 31 жртва, девет лица приведени
Девет лица се приведени под сомнение дека предизвикале експлозија на гас во ресторан за скара во северозападна Кина, во која загинаа најмалку 31 лице.
Се сомнева дека во средата вечерта по локално време се случило истекување на гас во градот Јинчуан.
Кинескиот претседател Кси Џинпинг ги повика сите служби да се приклучат во спасувачката операција.
Според државните медиуми, меѓу приведените е и сопственикот на ресторанот Фујанг.
Експлозијата се случила на третиот ден од фестивалот „Dragon bout“ во Кина, кога многу семејства и пријатели се собираат околу празничните оброци.
Медиумите јавуваат дека се очекува зголемување на бројот на жртвите.
A gas explosion at a barbecue restaurant in China's northwestern Ningxia region killed 31, according to state-run Xinhua news agency, prompting President Xi Jinping to order a safety overhaul across the country https://t.co/63nTSBbJqO pic.twitter.com/nfPAoj3otY
— Reuters (@Reuters) June 22, 2023
Најмалку седум лица се повредени, едно лице е во критична состојба, јави новинската агенција Ксинхуа.
Меѓу жртвите има и средношколци и пензионери, кои починале поради задушување, најверојатно предизвикано од вдишување чад.
Кинескиот претседател ги повика сите да вложат „максимални напори“ во лекувањето на повредените и да спроведат безбедносни мерки.
„Мораме да направиме се што е во наша моќ да им помогнеме на повредените и да ги обезбедиме семејствата на жртвите, што е можно поскоро да ја откриеме причината за несреќата и да постапиме одговорно во согласност со законот“, рече тој.
Ресторанот е дел од синџирот на забавни објекти во центарот на Јинчуан, главниот град на автономниот регион Нингкси.
Снимката на која се гледаат повеќе од десетина пожарникари како се борат да го изгаснат пожарот, додека чад излегува од дупка во фасадата на ресторанот, беше емитувана од државната CCTV.
Улицата беше преполна со остатоци од стакло.
Противпожарните и спасувачките служби испратија повеќе од 100 работници и 20 возила на местото на настанот, соопшти Министерството за вонредни состојби.
Спасувањето траело до четврток наутро, по локално време.
Според прелиминарната истрага на противпожарната служба, вработен во ресторанот околу еден час пред експлозијата почувствувал истекување на гас.
Потоа открил скршен вентил на резервоар за ТНГ и се обидувал да го замени кога се случила експлозијата, јавуваат локалните медиуми.
Рестораните за скара се симбол на уличните продавачи и се омилени меѓу локалното население во северозападните региони на земјата.
Фото: Принтскрин/Твитер
